Основците од Македонска Каменица екипно беа подобри од делчевските основци во меѓуопштинските натпревари по сообраќај „Детски семафор“, додека делчевските средношколци беа првопласирани на натпреварите во „Сообраќајно-техничка култура на младите“.
Ова се екипините реузлтати на меѓуопштинските натпревари по сообраќај „Детски семафор“ и „Сообраќајно техничка култура на младите“ што се одржаа во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица.
Николина Петровска – Мавродиева од Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот од Општина Делчево истакна дека учениците се натпреварувале со своите знаења за сообраќајните правила и прописи преку теоретски дел со полагање сообраќајни тестови, кои и годинава се решаваа на електронски систем лоциран на веб порталот www.soobrakaj.mk, и практичен дел со вешто возење на велосипед и мопед на полигон.

За најдобрите натпреварувачи беа доделени награди за прво, второ и трето место, поединечно за момчиња и девојчиња, како и награди во екипна конкуренција.
Организатор на овие традиционални сообраќајно- воспитни манифестации „Детски семафор“ и „Сообраќајно- техничка култура на младите“ се општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата од Македонска Каменица и Делчево, со поддршка на општините Македонска Каменица и Делчево.
Општинските натпревари „Детски семафор“ и „Сообраќајно техничка култура на младите“ традиционално се одржуваат повеќе од 45 години и претставуваат посебен придонес во градењето на сообраќајната култура на децата и младите кои секојдневно се вклучени во сообраќајот.