Промоција на наставната програма за правна аргументација

Од:

Судии и судски соработници од сите апелациски подрачја денеска учествуваат на промоцијата на наставната програма за правна аргументација, структура и образложение на пресудите што се одржа во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, а во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи.

Пред присутните излагања имаа директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Анета Арнаудовска, Никола Јовановски од Центарот за правни истражувања и анализи и Мирјана Лазарова-Трајковска, поранешен судија на Европскиот суд за човекови права, која поконкретно говореше за правната аргументација, структурата и образложението на пресудите.

Судијата Лазарова-Трајковска ја истакна важноста на Академијата како институција, притоа посочувајќи ја потребата од тоа и управното судство да се вклучи во почетната обука и во програмата за неа.

Во последните години, како што додаде, се препознава одредено подобрување во пресудите, што веројатно е резултат на спроведените обуки и програмата на Академијата.

Арнаудовска истакна дека Академијата презела бројни активности во насока на унапредување на правната аргументација, структурата и образложението на пресудите, и тоа преку одржување на бројни обуки од доменот на пишување и правна аргументација на пресудите за кривичната и граѓанската материја.

– Поради улогата што ја има судот во секое општество, од особена важност е судиите да се блиски до јавноста, а еден начин да се постигне ова е носење на образложени одлуки кои ќе бидат напишани на јасен и на разбирлив начин, рече Арнаудовска.

Никола Јовановски од Центарот за правни истражувања и анализи рече дека проектот претставува одлична основа за натамошен напредок. Тој ги наброја идните проекти на кои ќе работи Центарот, а кои се во насока на подобрување на состојбите во судството.

Учесниците на настанот се согласија дека правната аргументација како значајна интердисциплинарна компонента на обуката на судиите, јавните обвинители, адвокатите, стручните соработници и целните групи во правосудството, органите на државната управа и останатите чинители на правниот систем има значајно влијание врз квалитетот на правните акти.

Во мноштвото пресуди на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), пред се, оние кои се однесуваат на правото на правично судење од членот 6 од Европската конвенција за човекови права, се нагласува потребата од постоење на јасно, прецизно и задоволително образложение на судските одлуки на националните судови. Истовремено, се истакнува дека недостигот од такво образложение може да доведе до повреда на правото на правично судење.

Би можело да ве интересира

Македонија на 63 место според „Индексот на владеење на правото“

А1он

Македонија на 64-то место во светот според Индексот за владеење на правото на Светскиот проект за правда

А1он

Бернс: Донираната опрема е чекор кон зајакнување на владеењето на правото

Ана Ололовска

Стапи во сила Законот за бесплатна правна помош

Ана Ололовска

Прибе: Независни политичари услов за владеење на правото

Ана Ололовска

Шкариќ: Злоупотреби на правото има многу, а за нив малку се зборува

Ана Ололовска