Будуќност сепак ќе игра Евролига во Подгорица

Од:

Кошаркарскиот клуб Будуќност Воли натпреварите од Евролигата ќе ги игра во Подгорица, откако премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ соопшти дека Владата ќе помогне во реконструкција на спортскиот центар „Морача“.

– Тоа е потреба. Нема да жалиме средства за најдобрите европски екипи да играат во „Морача“, истакна Марковиќ.

Будуќност со освојување на регионалната АБА лига обезбеди место во Евролигата. Минатата недела претседателот на Будуќност, Драган Бокан оствари средба со првиот човек на Евролигата, Џорди Бертомеу, кој му посака добредојде на црногорскиот кошаркарски клуб, но го услови да ги санира проблемите со „Морача“.

Бокан по состанокот тогаш изјави дека е задоволен, но дека ќе им треба помош, која сега црногорската Влада им ја обезбеди и Будуќност следната сезона ќе може да игра во Евролигата.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска