Бинод Чодри, непалски милијардер и сопственик на корпорацијата ЦГ Корп Глобал, Србија ја гледа како идеална земја за ширење на својот бизнис.
Чорди започнал како уличен продавач во Катманду, а заврши на листата на Форбс на најбогати луѓе на планетата. Минатата година ја отвори фабриката за нудли „Ваи Ваи“ („Wai Wai“) во Рим, a со Владата на Србија преговара за можна соработка со водечки прехранбени производители во Србија.
– Преговорите бараат време, но јас сум оптимист и мислам дека ќе се договориме, бидејќи гледам добра волја од страна на српската Влада и добри намери од сите кои се поврзани со овој проект, изјави Чорди во интервју за Танјуг.
Освен за прехранбената индустрија, тој е заинтересиран и за вложување во банкарскиот сектор во Србија и во хотелиерството, бидејќи смета дека Србија е вистинската дестинација за ексклузивен спа ресорт каков што поседува во Азија под името „Фарм ат Сан Бенито“ („Farm at San Benito“).