Анастасиевски: Стечајната постапка на Фени Индустри АД согласно законските прописи

Од:

Стечајната постапка на Фени Индустри АД – во стечај, е согласно законските прописи, вели во писмениот допис до медиумите стечаен управник на Фени Индустри АД, Мирослав Анастасиевски.

– Во врска со наводите изнесени на прес-конференцијата од страна на Слаѓана Тасева, сакам да ја информирам јавноста, дека тие се неосновани во целост. Стечајната постапка на Фени Индустри АД – во стечај, е согласно законските прописи, вели Анастасиевски.

Во однос на транспарентноста, како што додава, целата македонска јавност редовно е информирана и го следи процесот постојано.

– Транспарентноста во стечајната постапка се огледува во редовното информирање на доверителите, согласно законските одредби. Сакам да потенцирам дека во целост е заштитен имотот на должникот, а со тоа и правата на доверителите во стечајната постапка, се наведува во соопштението.

Во однос на наводите за Огласот и склучениот договор, Анастасиевски, истакнува дека истиот оглас е објавен најтранспарентно во меѓународниот Financial Times и домашни медиуми.

Анастасиевски ги повикува ТИМ да користат веродостојни податоци и да посветат внимание на причините за отворање на стечајна постапка на Фени Индустри АД Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Предраг Петровиќ

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

A1on

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он