Во фоајето на театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес, синоќа се одржа Вечер со поезијата на Димитри Соле Љубин.
Модератор на поетската вечер беше писателот и драматург Сашо Димоски, а избор од поезијата на Љубин читаа актерките Кети Борисовска и Талија Настова, во музичка придружба на Сашко Костов.
Како што појаснуваат организатарите од Велешкиот театар, циклусот поетски вечери е нивна програмска активност посветена на афирмација и промоција на поезијата на поети по потекло од Велес.
Во рамките на циклусот досега се одржаа вечери со поезијата на Катица Ќулафкова, Ристо Јачев, Павлина Климкар Меанџиева, Игор Крајчев и Васил Тоциновски.