Урко ќе сведочи за мерцедесот од 600 илјади евра

Од:

Во Кривичниот суд, денеска ќе се одржи ново рочиште за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство, кој се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Одбраната за денешното рочиште како сведок го обезбеди и Дејан Митревски – Урко, шеф на обезбедувањето на тогашниот премиер Груевски, кој не се појави на претходното рочиште, а ќе сведочат и двајца вештаци, Тале Герамитчиоски и Страхил Глигоровски.

На претходното рочиште сведочеа осум сведоци предложени од одбраната, кои посочија дека набавката на новиот „мерцедес“ била неопходна, бидејќи старото возило често останувало во дефект и не било безбедно за превоз на важни личности.

Во случајот „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски. Пред две рочишта, судот донесе одлука да ја раздвои постапката за Јанкулоска поради тоа што таа имала ризична бременост.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Несреќа во Германија: Загина млад човек додека поправал тенк

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски