Пржени компири за Ким Џонг-ун на самитот во Јужна Кореја

Од:

Швајцарско јадење од пржени компири кое се вика решти ќе му биде послужено на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на самитот во Јужна Кореја, со цел да му поттикне носталгија за ученичките денови кои наводно ги поминал во Швајцарија, иако тоа никогаш не е официјално потврдено.

Од друга страна, на јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин ќе му биде сервирано јадење од риба лист, кое е многу популарно во неговиот роден град Бусан.

Домаќините од Јужна Кореја тврдат дека состојките и рецептите за јадењата потекнуваат од двете земји.

На пример, исклучително популарното јадење во Северна Кореја, кое се прави со ладни тестенини, ќе го подготвува шефот на кујната на ресторанот „Окрју Гван“ во Пјонгјанг.

Самитот на лидерите на двете Кореи е прв по 2007 година.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ