Именувана нова министерка за внатрешни работи на Словачка

Од:

Словачкиот премиер Петер Пелегрини денеска ја номинира сегашната заменичка Дениса Сакова за нова министерка за внатрешни работи, соопшти портпаролот на претседателот на Словачка.

Функцијата е во центарот на вниманието на јавноста поради убиството на новинарот Јан Куцијак и неговата вереница Мартина Куснирова, кое предизвика пад на словачката влада.

Сакова долго време соработуваше со претходниот министер Роберт Калинак, кого го замени Томас Друкер, но тој поднесе оставка минатата седмица.

Новинарот Јан Куцијак и неговата вереница Мартина Куснирова беа убиени на 21 февруари.

Словачките власти соопштија дека околностите на убиството укажуваат дека било нарачано и оти најверојатно има врска со работата на Куцијак.

Убиството на новинарот предизвика политичка криза во земјата која резултираше со протести, пад на владата и смена на шефот на националната полиција.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти