Компанијата Фејсбук соопшти дека отстранила или поставила знак за предупредување на 1,9 милиони примероци со екстремистичка содржина, кои се поврзуваат со Исламска држава или Ал Каеда.
Тоа е направено во првите три месеци од годинава, што е речиси двојно повеќе од претходниот квартал.
Европската унија врши притисок врз Фејсбук и неговата конкуренција во областа на технолошката индустрија што побрзо да ги отстранат екстремистичките содржини или ќе се соочат со закони кои би ги проморале да го направат тоа.