Поранешниот генерален секретар на НАТО Робертсон во Скопје

Од:

Висока делегација од истакнати дипломати, предводена од поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд Робертсон, утре ќе престојува во Скопје.

Делегацијата ќе биде примена од премиерот Зоран Заев, соопшти попладнево неговиот Кабинет.

Во делегацијата ќе бидат и Росен Плевнелиев, поранешен претседател на Република Бугарија, Лордот Кристофер Геијд, поранешен приватен секретар на Кралицата на Обединетото Кралство и член на Горниот Дом на британскиот парламент, Роберт Гелбарт, амбасадор и член на Атлантскиот Совет, Ален Ле Роа, амбасадор на Република Франција, Генералот Берни Вајт Спанер, поранешен Командант на британските копнени сили, Зоран Чичак, советник за надворешни работи, Марк Лејти, поранешен специјален советник за комуникации на Генералниот Секретар и портпарол на НАТО, како и Сара Баденбо, како претставник на Дејмон Вилсон, Заменик Претседател на Атлантскиот Совет на САД.

За утре попладне е закажана заедничка прес-конференција, по која ќе се одржи и панел дискусија на која ќе учествуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Џорџ Робертсон, Росен Плевнелиев и Ален Ле Роа.

Вечерта, пак, во организација на Кабинетот на Премиерот, за високата делегација ќе биде организиран прием на кој домаќин ќе биде претседателот на Владата Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Германија масовно ќе ја бомбардира Русија ако таа нападне членка на НАТО

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Путин: Бесмислено е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина

Москва: НАТО сака да ја потчини Србија и ги засилува напорите да ја привлече во својата орбита