Во Велес легализирани 6100 дивоградби

Од:

Во Велес од почетокот на процесот на легализација до денес легализирани се 6100 дивоградби.

Раководителот на Одделението за општо-правни работи во општината Елизабета Јовчевска за МИА изјави дека досега се поднесени 9638 барања за легализација на дивоградби од кои позитивно решени се 6100.

– Од останатите 3538 барања, 1547 биле одбиени поради некомплетирање на документите,а 1991 се во фаза за постапување, вели Јовчевска.

Од оваа бројка, минатата 2017 година се легализирани 580 дивоградби, а за четирите месеци од годинава решени легализирани се 32 дивоградби.

– Рокот за поднесување сеуште трае. За оние кои поднесуваат прв пат е до 31 декември оваа година, а за оние кои што имале поднесено барање во 2011 година кое поради некомплетност било одбиено/отфрлено имаат можност да поднесат ново барање до 30 јуни 2018 година, појаснува Јовчевска.

Би можело да ве интересира

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Mртов 42-годишен маж е пронајден во помошни простории

Горан Наумовски

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Дете со здравствени проблеми e истепано во Дневниот центар во Кавадарци

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски