Седници на неколку собраниски комисии

Од:

Седници денеска ќе одржат собраниските комисии за одбрана и безбедност, за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање, за труд и социјална политика и законодавно-правната.

Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето во второ читање, како и Предлог – закон за странци во прво се на дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност.

Членовите на Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање ќе ги разгледаат извештаите на двете институции за работата во 2017 година, како и Програмата за работата на УБК за оваа година.

Пратениците од Комисијата за труд и социјална политика ќе расправат за Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица во прво читање.

Закондавно-правната комисија ќе одржи три седници, 60., 63. и 64-та. На дневен ред се повеќе закони, а на 60. седница меѓу другите се и Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за електронско управување, Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, сите во второ читање.

Би можело да ве интересира

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра