ВМРО-ДПМНЕ утврди уште осум кандидати за градоначалници

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди кандидатите за градоначалници на престојните локални избори во уште осум општини. Шест од нив се актуелни градоначалници, а еден е претсетадел на партискиот Општински комитет. Меѓу кандидатите е и еден приватен стопанственик.

За општините Македонска Каменица, Пробиштип, Кратово, Гевгелија, Маврово и Ростуше и Росоман се предложени сегашните градоначалници Дарко Митевски, Тони Тоневски, Мите Андоновски, Иван Франгов, Мукрем Мехмеди и Стојанчо Лазов.

За општина Вевчани кандидат е Цветомир Угриновски, приватен стопанственик, додека за општина Гостивар Сашо Аќимоски, претсетадел на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

При изборот на кандидатите, како што соопшти патртијата, е земена предвид програмата што им ја нудат на граѓаните, а која е во насока на подобрување и унапредување на стопанскиот и инфраструктурниот развој на општините. Вредносен критериум е личниот кредибилитет и досегашниот придонес за општината за која се кандидира.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито