Синоќа во координирана акција на Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција била извршена контроли во повеќе угостителски објекти во Скопје и Куманово.
Во поголем број на контролираните објекти се утврдени неправилности. Двете институции ги вршеле контролите секоја во рамки на своите законски надлежности.
Од контролирани 9 објекти, од УЈП биле утврдени неправилности во шест угостителски објекти, а од страна на Управата за финансиска полиција биле одземени три компјутери.
Според најавите, УЈП и финансиската полиција и во наредниот период ќе вршат засилени контроли.