Планинарското друштво „Кожуф“ од Гегелија денеска по јубилеен 25. пат го одржа меморијалниот марш во чест и сеќавање на Перо Илиевски, еден од основачите на гевгелиското планинарско друштво.
– Големата масовност беше белег на денешниот марш. Многу членови од планинарските друштва од југоисточниот регион, повеќето млади, дојдоа денеска да рекреираат и маршираат по средно тешката патека на просторот меѓу планинските села Конско и Ума, која беше една од најомилените на чичко Перо, информираат организаторите.
Истакнаа дека ваквата масовност уште повеќе ќе ги поттикне и во иднина да преземаат активности за привлекување на потенцијалните млади планинари од регионот.
На целта во селото Ума, планинарите положија цвеќе пред спомен плочата на Перо Илиевски, а маршот заврши со церемонија за доделување благодарници за учество и заеднички ручек.