Ердоган со предупредување кон Австрија

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја предупреди Австрија, откако во петокот австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека предизборните средби, поврзани со претстојните избори во Турција, закажани за во јуни, ќе бидат забранети.

– Мерките кои ги презема Австрија ќе се свртат против неа, изјави Ердоган по објавувањето на предвремените избори во Турција.

Тој истакна дека „борбата на Турција за демократија не може да биде лесно запрена“, предупредувајќи дека оние кои се обидуваат да ја спречат „ќе ја платат цената“.

Ердоган додаде дека се подготвува нова средба во странство со 10-11 илјади избирачи, но не соопшти во која држава.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија