Актерката Анџелина Џоли се појавува во докуметарниот филм „Зелената планета на Кралицата“, во кој што се зборува за кралицата Елизабета Втора и нејзините напори за зачувување на околината.
Во овој филм кралицата откива интересни детали од животот во кралската палата и говори за начинот на кој што може да се заштити и сочува околината за идните генерации, а во него се појавува и Анџелина Џоли.
Џоли се појавува како управува мал авион над пустина. Тоа е едно од нејзините омилени хобија, а нејзините фанови се импресионирани од тоа како природно ѝ прилега. Актерката има дозвола за летање уште од 2004 година.
– Има ли нешто што оваа жена не може?, се прашуваат нејзините фанови по социјалните мрежи.
Во филмот Анџелина Џоли ја фали британската кралица дека се грижи за луѓето ширум светот и за нивната иднина.