Анџелина Џоли призна дека нејзиното здравје е влошено

Од:

Анџелина Џоли во последното интервју, кое го даде за „Волстрит журнал“, призна дека ако треба да избере што ќе прави во животот денес, никогаш нема да стане актерка.

– Денеска не би избрала работа како актерка. Кога почнав, немав никакви очекувања, ниту мислев дека се ќе биде толку јавно, што ќе морам да споделам толку многу – ја започна својата исповед актерката.

Како што рече, повеќе од две децении под толку интензивно јавен интерес, тоа си го направи своето, а се се засили по разводот со Бред Пит, кога стана мета на таблоидите.

Таа призна дека сето тоа и предизвикало толку голем стрес што во 2018 година, за време на снимањето на продолжението на Дизни „Злобната самовила 2“, забележала дека нејзиниот глас целосно се променил од моментот кога првпат го снимала споменатиот филм.

„Моето тело реагира на стрес, ми се зголемува шеќерот во крвта, а шест месеци пред разводот ненадејно добив Белова парализа“, рече таа и додаде дека нема социјален живот во Лос Анџелес.

Таа откри дека на крајот планира да го напушти Лос Анџелес засекогаш и да помине повеќе време во нејзиниот дом во Камбоџа.

“По разводот ја изгубив способноста да живеам и слободно да патувам. Ќе се движам кога ќе можам, бидејќи од сите места на светот, Холивуд не е здраво место за живеење”, изјавила Џоли.

Би можело да ве интересира

Ме фати за глава и рамена и ме тресеше: Анџелина Џоли го обвини Бред Пит за насилство

Таткото на Анџелина Џоли остро против нејзиниот став: Будали сте вие што го напаѓате Израел

Анџелина Џоли ја остави ќерката Захара во колеџ во Атланта

ВИДЕО: Анџелина Џоли мораше да се евакуира, во Лавов се огласија сирените за воздушен напад

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Анџелина Џоли пристигна во Лавов

Одбиено барањето на Бред Пит за повторно разгледување на старателството

Катерина Ѓуровски