Погоден момент за воведување прогресивно оданочувње, сметаат експертите

Од:

Во Македонија е погоден моментот за воведување прогресивно оданочување. Стапката и прагот за оданочување според експертите не се важни, важно е како вишокот средства ќе се алоцираат и како ќе бидат потрошени.

Ова беше порачано на денешната панел дискусија на тема „Како до праведно оданочување“ организирана од Асоцијацијата на економски истражувачи.

– Погоден е моментот за воведување на прогресивното оданочување. Ако е наша оценка дека веќе рамниот данок не даде успех, а тоа го цениме преку малите стапки на раст и растечката нееднаквост и неможност да се намали сиромаштијата, рече Славчо Лазовски даночен експерт на Асоцијацијата.

Оценува дека прагот или стапката не се значајни, и порачува дека прогресивното оданочување треба да се направи и во друга сфера, однонсо кај капиталните добивки.

– Не мора личните примања да бидат први на удар. Има доста сегменти што го прават тоа лично богатство и кои се податливи на прогресивното оданочуање. Во првата фаза би требало да бидат на удар капиталите добивки и израмнување на дупките што овозможуаат избегнување на данокот, изјави Лазовски.

Бојана Христовска од Аналитика тинк тенк, посочи дека спроведената анализа покажала дека реформите за праведно оданочување треба да бидат насочени кон запирање на натпреварувањето на земјите за намалување на стапките на добивка и да се забрани на компаниите кои избегнуваат плаќање данок да обезбедуваат јавни услуги. Потребно е и да постои основа, односно да се верува во институциите.

Од Аналитика порачуваат дека паралелно со прогресивното оданочувње треба да се понуди и нов модел на јавно трошење, односно дека прогресивното оданочување не оди без промена на начинот на трошење.

Порачуваат дека треба да се зголеми данокот на добивка на компаниите.

Асоцијацијата на економски истражувачи и невладината Македонска платформа против сиромаштијата сметаат дека е најважно како средствата ќе бидат трошени.

– Повеќе сме заинтересирани за парите што се очекуваат да се приберат. Тоа мора да биде искористено за намалувње на сиромаштијата, социјалната нееднаквост и да се зголеми социјалното вклучување и преку тоа сметаме дека ќе се зголеми обемот на луѓето кои ќе станат плаќачи на даноци, рече Билјана Дукоска од Македонската платформа против сиромаштијата.

Според неа, интенцијата е да не се создаваат нови сиромашни вработени.

– Заедно, посочи, со даночанта политика рака под рака мора да оди ефикасноа социјална заштита која ќе креира инклузивен раст и развој и при тоа ќе ги вклучува граѓаните за да може тековно да станат поголеми плаќачи на данок.

Би можело да ве интересира

Илиеска: Владата со измените на законот за данок на добивка удира по малите претпријатија, го укинува ослободувањето за фирмите со промет до 3.000.000 денари, кои се најкревки

МФ: Усвоени измените на Законот за данок на личен доход за укинување на прогресивното оданочување и даночењето на каматите од заштедите

ССК: Не е време за нови даноци, да ги поддржиме клучните сектори

(ВИДЕО) Ковачевски: Со новата праведна даночна реформа нема нови даноци, нема зголемени даноци и се укинува прогресивното оданочување

Ана Ололовска

Димитриеска Кочоска: ВМРО-ДПМНЕ е против даночната политика на СДСМ за високи даноци за народот, ние протежираме политика на ниски и рамни даноци

Ана Ололовска

Ковачевски: До 2023 намалување на персоналниот данок во ИТ од сегашни 10 на 0 проценти

Ана Ололовска