Град Скопје утре ќе го објави повикот за субвенции за велосипеди

Од:

Субвенции за велосипеди, нов екоавтобус и велосипедски патеки, најави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Јавниот повик за субвенции за велосипеди ќе биде објавен утре, а за првпат ќе им се овозможи и на лицата со телесен инвалидитет да аплицираат на огласот.

– Воведовме измени во Правилникот со цел да овозможиме поголем број граѓани да добијат субвенции, а за првпат им овозможуваме и на лицата со телесен инвалидитет да добијат можност да аплицираат на јавниот повик. На овој начин, со мало намалување на максималната висината на субвенцијата, обезбедуваме субвенции за велосипеди за околу 1.000 граѓани повеќе во однос на минатата година, изјави Шилегов, додавајќи дека субвенциите ќе се доделуваат по принципот прв дојден-прв услужен.

Автобусот на гас, за кој е потпишан договор со полската компанија „Соларис“, ќе сообраќа на линијата број 2 на релација од Автокоманда до Сарај и обратно.

– Споредено со потрошувачката на старите дизел-автобуси, овој автобус троши двојно помалку, што дополнително ќе ги намали трошоците за гориво на ЈСП. Најголемата предност е тоа што емитува значително помалку СО2, што речиси воопшто не го загадува воздухот, истакна денеска Шилегов.

Претходно, потпишани се договори и со „Чериот Моторс“ за електричен автобус и со „МАК АУТО СТАР“ за автобус на гас коишто ќе сообраќаат пробно низ улиците на Скопје.

Годинава, како што посочи скопскиот градоначалник, се предвидува буџет за субвенции за набавка на екоавтобуси во висина од 100 милиони денари за ЈСП, како и во висина од 20 милиони денари за приватните превозници.

Од Градот истакнуваат дека забрзано се работи и на изградба на нови и реконструкција на веќе постојните велосипедски патеки, а во завршна фаза е и изградбата на велосипедската патека по должина на булеварот „8 Септември“.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух