Неколку лица повредени во тепачка со боксови и секири во Струмица

Од:

Во Струмица вчера околу 15.00 часот на улица „Славчо Стојменски” нарушен бил јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Н.А., З.А., Ф.А. Г.А. и Р.А. од едната страна и К.М., А.М. и С.М. од другата страна.

Како што соопшти МВР, најпрвин започнала вербална расправија меѓу лицата, по што истите си размениле неколку удари со боксови, столови и дрги предмети меѓу кои и секира.

– Лицата се раздвоени од полициски службеници. Дел од учесниците се здобиле со телесни повреди, додека С.М. е пренесен во Јавна здравствена установа – Општа болница Струмица за укажување на лекарска помош, стои во соопштението.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски