„Фејсбук“ влегува во бизнисот со процесори за сервери

Од:

„Фејсбук“ пројавува интерес за хардвер и веќе формираше нов тим за да започне развој на нова генерација на процесори. Чиповите ќе бидат користени од центрите за податоци на компанијата и се очекува да ја намалат нивната зависност од други производители, како што се „Куалком“ и „Самсунг“. Информациите за овие планови дојдоа од оглас за работа на компанијата, која бара искусен менаџер да раководи со оделот во структурата на „Фејсбук“, објави „Врџ“.

Тука е моментот да се напомене дека компанијата, исто така, развива паметен звучник, чија премиера е одложена поради скандалот со „Кембриџ Аналитика“.

Уредот, исто така, може да ги користи чиповите на компанијата. Во моментов системите со вештачка интелигенција на „Фејсбук“ користат хардвер на „НВИДИА“, но изгледа дека Марк Закерберг планира да ја промени ситуацијата откако ќе обложи на сопствени процесори. Овој „Фејсбук“ проект се уште е во повој и ние ќе следиме како ќе се развива ситуацијата околу компанијата.

Целта на социјалната мрежа е нивните процесори да се користат од машините со вештачка интелигенција и машинско учење, кои ја подобруваат работата на корисниците на социјалната мрежа.

„Фејсбук“ е малку веројатно да се обиде да продава хардвер на други производители во индустријата. Сепак овој проект е доста интересен, бидејќи малкумина би очекувале да ја поврзат компанијата со слични иницијативи. Сепак, нивните финансиски способности можат да го направат овој проект успешен.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он