Шефот на Панатинаикос казнет со 120.000 евра за присуство на натпревар

Од:

Сопственикот на кошаркарскиот клуб Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос беше казнет со 120.000 евра, бидејќи присуствуваше на реванш-натпреварот на неговиот тим против Реал Мадрид во Евролигата.

Јанакопулос присуствуваше на натпреварот и покрај 12-месечната забрана наметната од раководството на Евролигата, поради несоодветни коментари.

Сумата е двојно повисока од првобитната казна што Гркот ја добил затоа што се најде во салата во меч од регуларната сезоната против Олимпијакос.

– Во Евролигата најверојатно секогаш се занимаваат од Панатинаикос, беше реакцијата на клубот на оваа казна.

Јанакопулос планира да присуствува на вториот меч на неговиот тим во „ОАКА“ арената, а Панатинаикос води со 1:0 во плеј-оф серијата, откако во првиот го декласираше тимот од Мадрид со 95:67.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска