А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: АД ЕЛЕМ произведува електрична енергија онолку колку што е моќноста на електраните

by А1он19/04/2018 - 16:10146
Share0

СДСМ со писмено соопштение реагира на деншната прес-конференција на Горан Чогеља од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„Наместо да шири лажни вести Горан Чогеља прво треба да се запознае со елементарните работи во енергетиката. Потоа да им се извини на граѓаните за предзвиканите штети, бидејќи во времето кога токму тој и Христијан Мицкоски го советуваа Никола Груевски, беше укината евтината тарифа на електричната енергија, а Македонија доби две тужби поради неспроведување на енергетски реформи.

АД ЕЛЕМ јавно соопшти дека може да произведува електрична енергија преку хидроелектраните онолку колку што е нивната моќност. Електраните Глобочица и Шпилје два и пол месеци работат со максимален капацитет и се произведува електрична енергија според максималната инсталирана моќност на тие капацитети.

По енергетскиот пустош што го остави, ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за енергетика. Особено што нивниот претседател Мицкоски петти ден се крие од јавноста и не дава одговори на прашањата поврзани со договорите вредни10.5 милиони евра, склучени во период кога токму тој раководел со ЕЛЕМ.

Владата предводена од СДСМ како и сите надлежни институции и претпријатија работат одговорно, транспарентно во градењето на ефикасен, модерен и стабилен енергетски сектор.

Извештајот за одржлив развој на Енергетска заедница посветен на земјите од Западен Балкан, кој Македонија ја рангира на прво место во регионот во однос на напредокот во исполнување на енергетските реформи е доказ за исправноста на досегашната работа“ се вели во реакцијата на СДСМ.

elemsdsm

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 13:3517/02/2026 - 13:37

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 10:4417/02/2026 - 13:37

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

Предраг Петровиќ16/02/2026 - 20:57

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он14/02/2026 - 14:0814/02/2026 - 14:09

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он14/02/2026 - 10:2214/02/2026 - 10:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен