Во Велес осма година се собира габаритен отпад од домаќинствата

Од:

Во Велес неделава започна осмата акција за собирање габаритен отпад од домаќинствата, која ја спроведува Општина Велес и ЈКП „Дервен“, а ќе трае до 15 мај.

Како што појаснува Тодорка Андреевска портпарол на ЈКП „Дервен“ во габаритен отпад спаѓаат: делови од мебел, душеци, дрвена амбалажа, столарија, пластични сандаци, гајби, алатки, стари велосипеди, пружини, радијатори и санитарии.

– Граѓаните доколку имаат потреба за отстранување на габаритен отпад да се пријават на тел: (043) 233-768 во Сектор Комунална хигиена секој работен ден од понеделник до петок од 7:00 до 14:00 часот и во сабота од 7:00 до 12:00 часот, при што ќе договорат термин кога ЈКП Дервен да прати специјално возило и да го собере отпадот, појаснува Андреевска.

Таа информира дека услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна и претставува одлична можност граѓаните да се ослободат од непотребните предмети во домаќинствата кои се премногу габаритни за да бидат фрлени во контејнерите за отпад.

Инаку во изминатите години во акцијата во просек се собираа по околу 50 метри кубни габаритен отпад.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ