Преку „Систем 48“ решени 271 комунални проблеми во Струмица

Од:

Вo првите три месеци годинава преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ биле решени 271 од вкупно 301 пријавени проблеми. Останатите 30 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа, информираат од општина Струмица.

Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување – 210, собирање смет – 27, водовод и канализација – 33, паркови и зеленило – 19, општински инспекциски служби – 4, улици, патишта и тротоари – 5 и контакт оператор-3.

Целта на општинскиот сервис „Систем 48“ е зголемување на транспарентноста на јавно достапните услуги кои ги нуди општина Струмица, подобрување на нивниот квалитет и професионално решавање на пријавените проблеми.

Од сервисот апелираат до граѓаните за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може веднаш да се интервенира до надлежните општински служби и да се решаваат проблемите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите