(ВИДЕО) Полицаец се изживувал врз граѓанин на клиника: Ќе те влечам по улица

Од:

Припадник на полицијата денеска на влезот на Клиничкиот центар во Скопје се изживувал врз поранешниот новинар на А1 и Коха, Фитим Криезиу кој поради итен случај со неговата мајка морал што побрзо да пројде низ рампата и да стигне до Клиника за Кардиологија.

Криезиу за А1он го раскажа немилиот настан велејќи дека полицаецот се изживувал врз не го и му се заканувал пред целото семејството додека сите граѓани кои биле присутни немо ја следеле ситуацијата.

-Полицаецот ми се закануваше, викаше дека ќе ме влече по тротоарот по што тргна физички да ме нападне само заради тоа што јас инсистирав да поминам преку ред поради итниот случај кој го имав, вели Криезиу за А1он.

Како што тврди тој, најчовечки го замолил лицето кое било пред него во редот, да го пушти напред односно да му го отстапи местото, по што тоа и се случило, но полицаецот инсистирал по секоја цена Криезиу да се врати назад.

-Додека се расправавме со полицаецот тој почна да го повишува тонот и повторно упати закани до мене. Првиот пат го замолив да не се однесува така затоа што иако е полицаец законот не му го дозволува тоа, вели Криезиу.

Одозгора на се, полицаецот кој прво вербално го нападнал Криезиу, а потоа се обидел и физички, му се заканувал и со парична казна.

-Откако ми се закани дека ќе ми напише казна, ми рече дека јас не смеам да му се противам, по што ме фати за раката и уште еднаш повтори дека ќе ме влече по улица. Тука настана голем проблем. Тоа што тој го направи не му доликува на еден припадник на полицијата, сведочи Криезиу.

Нападнатиот новинар тврди дека идентитетот на полицаецот му е познат, вели се работи за лицето С.З. Случајот го пријавил во МВР и сите надлежни органи.

-Инсистирам преку медиумите вакви случаеви да има што помалку бидејќи народот не се чувствува безбедно и комотно да комуницира со припадник на полицијата. Ги замолувам органите на МВР да преземат итни мерки кон полицаецот Саид. Не смее припадник на полицијата така да се однесува кон граѓаните, му кажав дека не сум криминалец и дека не може така да постапува со мене, вели Криезиу.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Пуштиле осуденик на слобода зошто немало место во затвор, кривична за тројца битолски полицајци

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна партизација на грбот на граѓаните и во МВР

Горан Наумовски