Во Саудиска Арабија, првпат по 35 години, граѓаните ќе можат да погледнат филм на големото филмско платно, и тоа холивудскиот мегахит „Црниот пантер”.
3а вечерва е закажана претпремиерата за оние со ВИП покани. 3атворената проекција ќе се одржи во концертна хала во главниот град Ријад, која е прилагодена и како кино комплекс.
Од утре таа ќе биде отворена и за јавноста, а билетите се во продажба веќе од денеска.
Претходните неколку години, Саудиска Арабија постепено ја олеснуваше забраната за прикажување филмови, покрај локалните филмски фестивали и проекциите во импровизирани кино-сали.
Во 1970-те имало неформални проекции, но таквите настани често биле прекинувани поради религиската политика на земјата.