Конференција за квалитетот и сигурноста на храната

Од:

Конференција на тема „Треба да се отвораат очите, да се толкуваат разликите и да се внимава при изборот на храната“ организира денеска во Скопје компанијата „Перутнина Птуј“ АД Словенија.

– Постојано треба да се истакнува дека разликите во квалитетот на храната може да бидат многу големи. Тоа што го гледаме на полиците во маркетите доаѓа од различни средини и од различни производствени процеси. Иако навидум станува збор за исти прехранбени производ, разликата во квалитетот е голема, велат од компанијата.

Освен за квалитетот и сигурноста на храната, на конференцијата ќе стане збор за примерите на добри практики и за парадоксите во развојот на големите глобални компании за преработка на прехранбени производи кои, според „Перутнина“, се насочени само кон намалување на трошоците на сметка на квалитетот.

Предвидени се обраќања на раководството на Перутнина Птуј АД Словенија, директорот на Перутнина Птуј Дооел Скопје Стефан Шишовски и на професорот Драгослав Коцевски од Факултетот за земјоделски науки и храна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ужас во Алжир, тројца навивачи загинаа откако падна трибината

Најмалку 57 луѓе починаа во Газа од неухранетост

АХВ заплени и уништи 1.740 килограми небезбедна храна

Горан Наумовски

Аферата во Украина: Се збогатија купувајќи храна за војската, купија хотели во Хрватска

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава