Иванов-Могерини: Заедничко придонесување во исполнувањето на реформите ќе придонесе за европската иднина на Македонија

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска се сретна со Федерика Могерини, висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската комисија.

Од Кабинетот на Иванов соопштија дека на средбата биле разменети мислења за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за процесот на европска интеграција, како и за клучните предизвици со кои се соочуваат регионот и Европската унија.

Претседателот Иванов ја поздравил обновената препорака на Европската комисија за отворање на пристапни преговори со Република Македонија, истакнувајќи дека деблокирањето на интегративните процеси преку одредувањето на датум за почеток на пристапните преговори, позитивно ќе влијае врз реформските процеси и врз целата општествено-политичка состојба во земјава.

Двајцата соговорници констатирале дека доследното и заедничко придонесување во исполнувањето на реформските процеси, од страна на сите чинители во државата, ќе придонесе за европската иднина на Република Македонија.

Претседателот Иванов порачал дека позитивната препорака за отворање на пристапни преговори за Република Македонија и за Република Албанија, има охрабрувачко влијание за кредибилноста на ЕУ и перспективата на целиот регион.

Имајќи ја предвид позитивната реторика од страна на лидерите од земјите од регионот за напредокот на секоја од другите земји од Западен Балкан, Могерини истакнала дека за прв пат овој процес на проширување се фокусира на оригиналната идеја на Европската унија, а тоа е мирот.

На средбата претседателот Иванов и високиот претставник на Европската унија, Могерини, размениле мислења и во однос на тековните разговори за прашањето за разликата околу името.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

Наjголемата опасност за ЕУ по пандемијата ќе доаѓа одвнатре, смета Могерини

Жарко Настоски

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска