Наменски соби за лицата со посебни потреби

Од:

Поддршката за лицата со посебни потреби и подобрување на условите во кои живеат како еден од приоритетите на Општина Карпош, беа повод денеска да се склучи Меморандум за соработка меѓу Општина Карпош и здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби “Дајте ни крилја”.

Потписниците се обврзаа да имаат заеднички проекти во насока на заштита на децата и лицата со посебни потреби, унапредување на нивниот психофизички развој, социјализација и интегрирање во сите процеси.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев посочи дека локалната самоуправа и претставниците на “Дајте ни крилја” веќе разговарале за создавање на сензорни простории – наменски, сензорни соби за децата со посебни потреби во основните училишта низ Карпош.

Нашата цел е целосно да ги вклучиме учениците со посебни потреби во нормалното и тековно следење на наставната програма. Овие сензорни соби ќе го олеснат престојот на учениците во училиштата бидејќи ќе бидат опремени со посебни уреди, опрема и реквизити за овие ученици, рече Богоев.

Претседателката на здружението, Ребека Јанковска – Ристески го истакна своето задоволство од воспоставувањето на маханизмот за соработка со Општина Карпош, со надеж за партнерство на голем број на проекти и конкретна помош и поддршка на лицата со посебни потреби.

Едно од училиштата кое ќе добие сензорна соба е ОУ “Димо Хаџи Димов”, кое е пример за образовна установа во поглед на успешната инклузија на лица со посебни потреби.
Исто така, Богоев посочи дека во еден од новите реонски базени во Карпош, ќе биде развиена и програмата за часови по терапевтско пливање.

Истакната е потребата од поголем степен на грижа и толеранција на овие лица од страна на кадарот во воспитно – образовните установи, родителите и сите останати чинители со намера да се постигне целосна инклузија.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот