Автобуски постојки околу училиштата за поголема безбедност на средношколците во Струмица

Од:

Општина Струмица да обезбеди техничка документација за поставување автобуски стојалишта околу средните училишта, а од страна на полицијата да се врши зачестена контрола на местата со поголема фреквенција во сообраќајот во периодот на започнување и завршување на наставата, е еден од заклучоците на Советодавната група на граѓани со поддршка на Локалниот совет за превенција.

Граѓаните бараат и повремени контроли на возилата со кои се превезуваат учениците со цел да се решаваат идентификуваните проблеми и прашања за зајакнување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, посебно на учениците од средните училишта во Струмица.

На работната средба присуствуваа претставници од општина Струмица, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, Испитниот центар за возачи, сообраќајни инженери и инспектори и претставници од средните општински училишта.

Иницијативата за работната средба произлезе од едукативните предавања реализирани во средните општински училишта и од интересот за поголема безбедност на учениците во организираниот училишен превоз.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите