Томи Хилфигер линија за лица со различни видови попреченост

Од:

Модниот дизајнер Томи Хилфигер пушта во продажба нова колекција прилагодена за лица со различни видови попреченост.

Хилфигер всушност лани ја покрена линијата облека за лица со попреченост, а сега само ја проширува. Како и обично, парчињата облека се елегантни, модерни, и практични за луѓе кои користат протетика или пак, се движат во ортопедска количка.

– Вклученоста и демократизацијата на модата отсекогаш биле во у сржта на мојот бренд. Оваа колекција ќе се надградува во тој поглед, и ќе им помага на луѓето со попреченост да се изразуваат преку модата, нагласува светски познатиот дизајнер.

Во понудата има кошули, панталони, маици, бермуди и фустани, со дополнителни патенти, магнетни копчиња или лепенки, коишто речиси и не се забележуваат на облеката.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска