Чави Пасквал беше презадоволен од триумфот на Панатинаикос над Реал Мадрид на стартот од плејоф серијата во Евролигата.
Грчкиот претставник победи со убедливи 95:67 и поведе со 1-0 во серијата прв до три победи.
Тренерот Пасквал очекува добра игра и на вториот меч кој исто така ќе се игра во Атина.
– Некои стручњаци ќе речат дека не е добро што победивме со толкава разлика и дека подобро ќе беше да победиме со еден поен разлика. Сепак, јас мислам дека ние можеме да ја повториме таквата игра и на вториот дуел. така треба да размислуваме. Исто така, треба да сме подготвени и доколку вториот меч оди во друга насока. Како и да е најважно е да ја зачуваме самодовербата, а тоа не значи дека треба да размислуваме како работата да е завршена, истакна предводникот на „зелените“ од Атина.
Синоќа се одигра уште еден дуел од четвртфиналната пресметка во разигрувањето за трофејот. Во Москва, ЦСКА го победи Химки со 98:95.
Вечер играат: Фенербахче – Басконија и Олимпијакос – Жалгирис.