Нигериската полиција пронајде најмалку 15 тела во река во југоисточната држава Анамбра.
Локалните медиуми објавија дека бројот на труповите во реката е поголем, меѓу 30 и 40, но засега не е познато како тие настрадале.Комесар на локалната полиција изјави дека истрагата во врска со овој мистериозен случај е во тек.На местото на инцидентот се наоѓаат бројни претставници на полицијата, кои наведуваат дека досега не добиле информации за етнички судири во оваа област.