Веб-страната на Крива Паланка прв општински сајт за пристапност на лица со попреченост

Од:

Официјалната интернет страница на општина Крива Паланка е прва општинска веб-страна во Македонија која интегрира модул за веб-пристапност со цел подобрување на пристапноста на информациите од јавен карактер за лицата со попреченост.

Од локалната самоуправа на Крива Паланка информираат дека општината во насока на подобрување на пристапноста до информациите од јавен карактер  за лицата со попреченост воведен е модулот за веб пристапност на официјалната страна на општината www.krivapalanka.gov.mk.

Модулот содржи алатки за промена на големината на фонтот, приспособување на бојата на контрастот и на линковите во зависност од потребите на корисниците како и исклучување на анимациите кои кај одредени лица може да предизвикат фотоепилептични напади.

Активноста се реализира во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово како дел од проектот  „Јавни информации достапни за лицата со попреченост“.

Од општината нагласија дека продолжуваат со исполнување на начелата опфатени во водичот за пристапност на веб содржини, објавен од Иницијативата за веб пристапност (WAI) на Конзорциумот  W3C, со цел обезбедување задоволителен пристап за лицата со инвалидност кои користат помошни технологии за работа со компјутери и интернет.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски