Хелсиншки ќе го промовира Годишниот извештај за правата на бегалците, мигрантите и барателите на азил

Од:

Промоција на Годишниот извештај за 2017 година за утврдените состојби и почитувањето на правата на бегалците, мигрантите и барателите на азил кои транзитираа низ Република Македонија се одржи денеска Хелсиншкиот комитет за човекови права.

На настанот ќе бидат презентирани главните заклучоци и препораки кои произлегуваат од забележаните состојби во текот на изминатата година.

Ќе биде отворена дискусија за споделување на впечатоците и наодите од страна на сите засегнати чинители во бегалската криза.

Воведно обраќање на презентацијата ќе има извршната директорка на Хелсиншки, Уранија Пировска, а презентацијата на заклучоци и препораки од Годишниот извештај ќе ги изнесе проектната координаторка Елена Брмбеска. На настанот обраќање ќе има и професор Трпе Стојановски, истражувач за целите на проектот.

Годишниот извештај е подготвен во рамките на проектот „Помош на рутата- обезбедување заштита на човековите права на мигрантите кои поминуваат низ Македонија и Србија“, поддржан од Европската унија, а имплементиран во соработка со Фондацијата Ана и Владе Дивац – Србија, Новосадски Хуманитарен Центар и Арбајтер-Самаритер-Бунд Дојчланд (АСБ).

Би можело да ве интересира

САД: Украински бегалци по грешка известени дека мора веднаш да ја напуштат земјата

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Во Македонија регистрирани 201 Украинец, азил побарала само мајка со три малолетни деца, но се премислила

Маја Илиевска-Пачемска

Влада: Преземени првите мерки за прифаќање на украинските државјани

А1он

Заврши престојот во Македонија за уште 43 граѓани на Авганистан

А1он