ОН: Дадени се сите дозволи на тим на ОПЦВ за да работи во Дума

Од:

Обединети нации (ОН) соопштија дека на истражувачкиот тим на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) му ги дале сите неопходни дозволи за Дума.

– ОН ги дадоа сите неопходни дозволи на тимот на ОПЦВ за да работи во Дума. Не сме одбиле никакво барање на тој истражувачки тим, изјави портпаролот на ОН Стефан Дужарик, демантирајќи ги наводите на заменик министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рибјаков дека тимот не може да пристапи во Дума.

Рибјаков денеска претходно рече дека истражувачкиот тим на ОПЦВ не може да пристапи на местото на наводниот хемиски напад во сирискиот град Дума, бидејќи нема соодветна дозвола од ОН.

Тој рече дека тимот бил стопиран во Дума, а како причина наведе дека немал дозвола од Одделот за безбедност при ОН.

Дума до пред извесно време, беше под контрола на бунтовниците.

Генералниот директор на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) Ахмет Узумжу изјави дека нивниот истражувачки тим, „поради безбедносни причини“ се уште не влегол во Дума, два дена откако пристигна во Сирија.

Узумжу додаде дека се надева дека ќе биде сторено се што е неопходно за да можат истражувачите да влезат во Дума што е можно поскоро.

Тимот ќе го истражува местото на наводниот хемиски напад, во кој загинаа 40 лица. Нападот се случи на 7 април, а сириската влада демантираше дека користела хемиско оружје и ја поздрави истрагата.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение