Суспендиран хигиеничарот кој нападна ученик во основно училиште во Битола

Од:

Директорот на основното училиште „Коле Канински“ – Битола, Зоран Мирчевски потврди дека го суспендирал работникот Ј.Т., служител-хигиеничар во тамошното училиште заради физички напад врз ученик од деветто одделение.

Јавно го осудуваме овој настан, а служителот е суспендиран, посочи Мирчевски.

– Физичкиот напад од страна на служителот врз ученикот се случи викендов, во саботата, кога во училиштето се организираше наставен ден. Како образовна установа веднаш ги презедовме сите мерки, ја известивме полицијата и државниот просветен инспекторат, а повредениот ученик беше однесен во Клиничка болница-Битола на преглед. Очекуваме институционално расветлување на овој настан, рече меѓу другото Мирчевски.

Од СВР-Битола потврдуваат дека настанот се случил во објектот на училиштето и е регистриран по пријава на родителите на ученикот кој бил физички удрен од служителот кому веќе е поднесена прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, додека пак од Клиничка болница-Битола информираа дека ученикот А.С. роден 2003 година, по укажаната лекарска помош во одделението за максило-фацијална хирургија е пуштен на домашно лекување.

Би можело да ве интересира

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола

Пожарите над Битола и кај Радовиш ставени под контрола

Катерина Ѓуровски

МВР: Кривична пријава за директорка на државен ученички дом во Битола, го оштетила Буџетот на МОН за 202.500 денари

Градоначалникот на Битола бара Обвинителството да ги истражи пријавите за каснувања од бездомни кучиња