Во Охрид дводневен Меѓународен семинар за добро управување со единиците на локална самоуправа

Од:

Во организација на германската политичка фондација „Ханс Зајдел“, Бугарската асоцијација на општинските службеници и Меѓународната фондација „Балкан Нет“ од денеска во Охрид се одржува Меѓународен семинар за планирање на развојот на единиците на локалната самоуправа и позитивни практики во управувањето со општинскиот имот.

Во обраќањето пред учесниците на семинарот градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски истакна дека се работи за активност од исклучително значење за локалните самоуправи оттаму што третира теми насочени кон успешен развој на единиците на локалната самоуправа.

– Развојот на општините, како примарни единици на непосредно остварување и практикување на демократските права на граѓаните, е од исклучително значење за поширокиот развој на заедницата. Во таа насока, обмисленото и одржливо планирање е незаменлив предуслов за општините, не само за секојдневното функционирање на општината и успешно сервисирање на граѓаните, туку и поглед кон иднината и одговорност за генерациите кои доаѓаат после нас, рече Стојаноски.

Во текот на дводневниот семинар учесниците и предавачите од Бугарија и Македонија ќе разменат искуства и практики на темата „Стопанисување со општинскиот имот“ и ќе бидат презентирани примери за добро управување на локалната власт.

Би можело да ве интересира

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид