Генералот Џонатан Шо преку видео гостуваше во вестите на „Скај Њуз“ каде што говореше за нападот на САД, Велика Британија и Франција за Сирија. Генералот се обиде да го постави прашањето за можниот мотив на сириската влада за изведување на хемиски напад во Дума.
Поранешниот командант на британската војска во Ирак аргументираше дека сириската влада ја добива војната во земјата, Исламска држава е пред пораз и Трамп најави повлекување на американската војска од Сирија и пред да ја постави тезата за нелогичноста на хемискиот напад, беше прекинат од водителката, која што рече дека мора да го прекине интервјуто.