Жителите на Ѓорче Петров ја блокираа улицата со автомобили

Од:

Жителите на Ѓорче Петров, со своите автомобили ја блокираа улицата „Борис Серафов“.

Тие се собраа во знак на протест, по сообраќајната несреќа што се случи вечерва, а во која со автомобил беше прегазено 10-годишно момче, кое според раскажувањата на очевидците, ја минувало улицата на обележан пешачки премин.

Неофицијално, прегазеното дете од сообраќајката во Ѓорче Петров има внатрешно крвавење, напукнат череп и исчашување на едното рамо. Се работи за лице со иницијали З.П., дознава „А1он“.

Собраните на протестот раскажаа дека оддамна барале да бидат поставени светлосна сигнализација и лежечки полицајци, но наишле на отпор од надлежните, иако не е прв пат да се случи сообраќајка во овој дел од градот.

Велат дека на улицата автомобилите возат 200 километри на час и стравуваат дека доколку не се презеде нешто, повторно би можело да дојде до ваква трагедија. Дел од жителите се заканија дека доколку службите не реагираат итно, тие се подготвени да прибегнат кон радикални мерки.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски