ФОТО: Жителите на улицата „Борис Сарафов“ во Ѓорче го блокираа сообраќајот

Од:

Жители од улицата „Борис Сарафов“ во населбата Ѓорче Петров вечерва околу 19 часот со контејнери го блокираа сообрќајот поради незгодата во која возило „опел астра“ удри 10-годишно дете.

Блокадата, како што информира МВР, е и во знак на револт поради брзото возење по улиците, односно непочитувањето на сообраќајните знаци.

Детето, според првичните информации на полицијата, по сообраќајката е веднаш пренесено во Ургентниот центар, но се уште не се знае видот на повредите.

Жителите подолг период бараат од општината Ѓорче Петров да биде поставена светлосна сигнализација бидејќи ова не е прв пат на оваа улица да има сообраќајна несреќа во која страдаат малолетни деца.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?