(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Полициската станица Гази Баба со месеци нема командир

Од:

Тони Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека СДСМ не се грижи за безбедноста на граѓаните во Гази Баба.

– Kако поинаку да се толкува фактот што Министерството за внатрешни работи со месеци нема назначено командир на полициската станица Гази Баба која покрива речиси половина од Скопје и која е одговорна за над 100 илјади граѓани. Граѓаните на Гази Баба се сведоци на грабежи, насилства и закани по нивната лична безбедност, а Министерството сеуште не именува соодветна личност за вршење на оваа функција. Со други зборови оваа полициска станица е обезглавена, рече Бојковски.

Тој додаде дека согласно законската процедура МВР треба до Советот на општина Гази Баба да поднесе предлози за именување на командир на полициска станица, но тоа не се случило со месеци.

– Тоа е доказ дека на МВР не му е грижа за безбедноста и сигурноста на над 100 000 граѓани и нивните имоти. Ваквиот индолентен однос остава простор криминалците слободно да хараат на просторот на нашата општина и пошироко во целата надлежност на полициската станица и на тој начин да го загрозуваат редот и безбедноста. Што треба да се случи за Оливер Спасовски и градоначалникот Георгиевски да ја сфатат сериозноста на ова прашање? Граѓаните заслужуваат да бидат сигурни дека органите задолжени за редот и мирот функционираат во полн капацитет и ваквата несериозност од страна на надлежните со право ги загрижува, рече Бојковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Василевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи, нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владините мерки даваат резултати, раст на вработеноста и нови можности за младите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче чека странска рака да го направи премиер, не македонскиот народ

Горан Наумовски