Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш побара денеска од сите држави да се „воздржат во овие опасни услови и да не доведуваат до ескалирање и влошување на страдањето на сирискиот народ“.
Тој на седницата на Советот за безбедност истакна дека меѓународните истражувачи во Сирија се подготвени да го посетат местото на нападот во градот Дума, поради кој САД, Франција и Велика Британија ја нападнаа Сирија.
Во текот на ноќта врз Сирија се истрелани над 100 ракети, а според првичните информации во нападот нема цивилни жртви.