„Денеска во Гостивар за жал се случи тоа што на некој начин огранокот на Алијансата за Албанците го имаше предвидено. Денеска на најбрутален начин од страна на активистите на ДУИ имаше директен упад во гостиварската гимназија и на класичен бандитски начин физички беа нападнати професори во нивното работно место. Двајцата повредени професори како последица на овој физички напад, заради претрпените телесни повреди се хоспитализирани во клиничкиот центар во Скопје.
Ја потсетуваме јавноста дека огранокот на Алијансата на Албанците во Гостивар беше таа која реагираше навремено во врска со можните последици како резултат на политичката одлука на владата на г. Заев за одземањето на ингеренциите на градоначалникот во сферата на образованието.
На протестот организиран во Гостивар на 20-ти Март оваа година, поставивме јавно прашање зошто се земаат ингеренциите само во Гостивар а не на пример и во Струга?
Јавно го прашавме премиерот да не случајно има за цел попречување на здраво образование на гостиварските деца?
Му се обративме и на премиерот укажувајќи дека ние немаме никаква надеж од луѓето на ДУИ бидејќи нив ги интересира само личниот интерес и личните придобивки а не општите интереси на граѓаните.
Му ставивме до знаење на премиерот да не потпадне под политичките притисоци на ДУИ, бидејќи во спротивно ќе биде одговорен за последиците кои што можат да настанат како резултат на таа одлука. На јасен и недвосмислен начин помеѓу другото на споменатиот протест го искажавме и следното:
„Последната одлука за одземањето на ингеренциите во сферата на образованието од страна на власта, преставува најголема хипокризија на актуелната власт. Како е можно еден именуван орган да ги одземе надлежностите на еден орган избран на демократски избори? Се прашуваме, дали на актуелната власт му пречи прогресивниот и демократски пристап на градоначалникот Таравари? Дали целта на г. Заев е враќање на анархијата во образованието во Гостивар? Дали анархијата во образованието му одговара на Заев како што му одговара на ДУИ? Се прашуваме зошто не се дозволува здраво образование на Гостиварските деца? Ги поставуваме овие прашања бидејќи како граѓани сме заинтересирани за здраво образование на нашите деца. И затоа остро се спротивставуваме на секое политизирање на образованите процеси на гостиварските деца. Стоп на политиката во образованието! Стоп на ДУИ-ЗАЦИЈАТА на училиштата во Гостивар! Стоп на враќањето на партиските и корумпираните директори!”
Денешниот случај за жал потврдува дека сме имале право. Еден од напаѓачите на професорите во гостиварската гимназија е синот на принудно назначениот директор од владата, Џези Камбери, а другиот напаѓач е телохранителот на поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта. Значи, класичен бандитизам и дилетантизам.
Почитувани граѓани, еве што донесе ваквата одлука на актуелната влада. Донесе ама баш тоа што ние како Алијанса на Албанците го имавме предвидено. Донесе баш ДУИ-ЗАЦИЈА на гостиварските училишта. Професорите во нивните работни места се нападнати од страна на партиските бандити на ДУИ.
Ние го повикуваме членството на Алијансата на Албанците да не потклекне под притисоци и на никој начин да не одговара на ваквите провокации. Но пред се, ги повикуваме компетентните органи а посебно Министерството за внатрешни работи да дејствуваат законски и да ги преземаат соодветните чекори т.е. казнени мерки кон напаѓачите.
Сега нема ниеден начин за оправдување на овој бандитски чин и се надеваме дека и г. Заев и г. Спасовски не можат да ги покриват овие бандити на ДУИ. Но, исто така ги повикуваме да сериозно размислат кон нашата упатена порака во врска со одземањето на компетенциите во образованието.
Владата, и во конкретниот случај министерот за образование ја сноси најголемата одговорност на овој вандалски чин кој што на ниеден начин не сакаме да се повтори“, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.