„Samsung“ развива нова генерација паметни екрани за телевизори

Од:

Самсунг официјално поднесе патенти за трговската марка „Samsung Intelligent Display“. Името е доказ за желбата на компанијата да развие нова генерација паметни дисплеи за идните телевизори. Овие панели ќе се користат само во овој тип уреди и нема да бидат дел од нивните други производи како смартфони, таблети, лаптопи итн. Информацијата беше потврдена и од страна на претседателот на „Visual Display Business“ одделот на корејскиот производител, Јонг-Хи Хан.

Во изјавата за време на премиерата на 2018 QLED TV палетата, тој неколку пати го користи терминот „Intelligent Display“, коментирајќи ги можностите на новата генерација ултратенки телевизори, информира „AndroidHeadlines“. Ние немаме детали за другите подобрувања што можеме да ги очекуваме во „Samsung Intelligent Display“. Премиерата на ултратенките екрани со висока резолуција ќе и овозможи на компанијата да се натпреварува поуспешно во овој пазарен сегмент со „LG“.

Друг клучен фокус во нивната стратегија ќе биде вештачката интелигенција. Трговската марка на „Samsung Intelligent Display“ се очекува да биде официјално регистрирана во Патентната канцеларија на САД во рок од неколку месеци. Потоа ќе дознаеме повеќе за визијата и техничките спецификации на интелигентните екрани на „Samsung“. Времето ќе покаже дали оваа година на пазарот ќе бидат прикажани првите телевизори со слични карактеристики.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска