„Mozilla“ почна да дистрибуира нова функција на сопствениците на „iPhone“ и „iPad“, која ја блокира можноста на веб-сајтовите да ја следат вашата Интернет активност. Инженерите на компанијата имаат развиено алгоритми за запирање на разните вградени алатки на страници кои го следат она што го правите онлајн. Самата функција се нарекува „Tracking Protection“ и нуди заштита од најчесто користените методи на големите огласувачи и компании како „Google“ и „Facebook“ за следење на корисниците.
Според официјалните податоци на „Mozilla“, оваа нова опција е стандардно овозможена за „iOS“ мобилни уреди, информира „CNet“. Компанијата додаде дека тие посветуваат посебно внимание на безбедноста на корисниците и ова продолжува да биде главен приоритет во „Mozilla Firefox“. Новата функција се очекува да биде достапна за сопствениците на паметни телефони на Android во подоцнежната фаза на годината. Тоа е причината зошто компанијата нуди различни можности за контрола на информациите што се споделуваат за нашата Интернет активност.
Другите предности на „Тracking Protection“ се поврзани со брзината на вчитување на веб-сајтовите, како и фактот дека обезбедува подолг живот на батеријата. Во иднина ќе се работи и на подобрување на можностите на функцијата за блокирање на поголем број рекламни формати и алатки за шпионирање на корисниците. „Mozilla Firefox“ е популарен десктоп прелистувач кој не се користи толку често на смартфоните, но со слични иновации компанијата може да ги натера луѓето повеќе да ги тестираат можностите на мобилната верзија.