Официјалната премиера на Самсунг Галакси Ноут 9 се очекува да се одржи во август. Со наближувањето на премиерата, ќе дознаваме се повеќе и повеќе детали за долгоочекуваниот уред. Најновите податоци на интернет откриваат дека моделот ќе понуди многу помоќна батерија со полнеж од 3.850 или 4.000 милиампер часови. За споредба, Галакси Ноут 8 е опремен со многу помала батерија од 3.300 милиампер часови. Ова значи дека неговиот наследник ќе понуди многу повеќе време за работа со едно полнење, информира „Покет-Линт“.
Самсунг Галакси Ноут 9 ќе биде опремен со поголем екран кој ќе го направи вистински избор за корисниците кои гледаат мултимедија или го користат својот паметен телефон за игри. Новиот паметен телефон ќе има побрз процесор и ќе работи под Андроид Орео. Самиот дисплеј ќе има големина од 6,4 инчи и ќе го пополни речиси целиот простор во предниот дел. Сепак, Галакси Ноут 9 се очекува да има сличен дизајн со својот претходник.
Исто така можеме да бидеме сигурни дека уредот ќе има подобри камери и веројатно ќе користи нова генерација на меморија. Во овој момент, ова се сите технички спецификации што ги знаеме за Галакси Ноут 9. Со текот на времето, ќе дознаеме повеќе за подобрувањата, кои не очекуваат во паметниот телефон.
Новиот модел во голема мера ќе ја заостри конкуренцијата на пазарот на паметни телефони во втората половина од годината, но ќе понуди поголем избор за потрошувачите.